Џо Бајден го потпиша пакетот од 95 милијарди долари за помош на Украина, Израел и Тајван, откако тој помина во двата дома на американскиот Конгрес и кажа дека САД веднаш почнуваат да праќаат оружје и воена опрема во Киев.
„Ова ќе ги направи Америка и светот побезбедни. Веднаш почнуваме да праќаме оружје и опрема во Украина за да ѝ помогнеме да се одбрани од руското напредување“, рече Бајден.
Украина ќе добие 61 милијарда долари, 26,4 милијарди се наменети за Израел и за хуманитарна помош во Газа, а над осум милијарди долари за сојузниците во Индо-Пацификот за „спротивставување на комунистичката Кина“. Четвртиот закон предвидува можна забрана на апликацијата ТикТок, нови санкции за Русија, Иран и Кина и заплена на руските средства замрзнати во западните банки.
Од февруари 2022 до јануари 2024, САД ја помогнаа украинската војска со над 40 милијарди долари. На второто место е Германија со дадени 19 милијарди долари.