ВЕЌЕ НЕМА ПОТРЕБА ОД МАСОВНИ НАПАДИ НА УКРАИНА, УНИШТИВМЕ РЕЧИСИ СÈ ШТО ТРЕБА, КАЖА ПУТИН

    ВЕЌЕ НЕМА ПОТРЕБА ОД МАСОВНИ НАПАДИ НА УКРАИНА, УНИШТИВМЕ РЕЧИСИ СÈ ШТО ТРЕБА, КАЖА ПУТИНПутин вели дека негова цел не е да ја уништи Украина (Фото: АП)

    Владимир Путин изјави дека веќе нема потреба од масовни напади на Украина, која деновиве беше изложена на најжестоките ракетирања од почетокот на војната, при што беа погодени бројни цивилни инфраструктурни објекти. Тој изјави дека најголем дел од одредените мети биле погодени, додавајќи дека негова цел не е да ја уништи Украина.

    Планираната мобилизација на 300.000 резервисти ќе биде постигната за неколку недели“, изјави Путин.

    Зборувајќи на самитот на регионални лидери во Казахстан, Путин кажа дека во последните ракетни напади биле уништени 22 од планираните 29 цели во Украина.

    Веќе нема потреба од масовни напади. Сега имаме други задачи“, кажа Путин.

    Русија лансираше серија ракетни напади на Украина во понеделникот како одмазда за нападот на Кримскиот мост. Путин изјави дека не жали што ја почнал инвазијата.

    Она што се случува денес не е пријатно, но ако Русија не нападнеше, ние ќе бевме во истата ситуација, само што условите ќе беа многу полоши за нас. Така што, правиме сè како што треба во вистинско време“, изјави рускиот лидер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира