ВЕЛАТ ДЕКА СУМ ИМУН, БИ МОЖЕЛ СИТЕ ДА ВЕ БАКНАМ, КАЖА ТРАМП НА СВОЈОТ ПРВ МИТИНГ ПО ПОЗИТИВНИОТ ТЕСТ ЗА КОРОНАВИРУС

    ВЕЛАТ ДЕКА СУМ ИМУН, БИ МОЖЕЛ СИТЕ ДА ВЕ БАКНАМ, КАЖА ТРАМП НА СВОЈОТ ПРВ МИТИНГ ПО ПОЗИТИВНИОТ ТЕСТ ЗА КОРОНАВИРУСТрамп ја фрли заштитната маска во публика кога пристигна на митингот во Сенфорд (Фото: АП)

    Доналд Трамп се врати во претседателската кампања помалку од две недели откако имаше позитивен тест за коронавирус. Илјадници луѓе се собраа на отворено во Сенфорд, Флорида, каде што Трамп го одржа првиот од планираните четири митинзи во наредните четири дена.

    Последните анкети кажуваат дека Џо Бајден има предност од десет поени на национално ниво, но неговото водство е тесно во некои клучни држави, како Флорида, која носи дури 270 електорски гласови.

    Трамп пред 11 дена објави дека имал позитивен тест за коронавирус и потоа се лекуваше во воениот медицински центар „Волтер Рид“. Лекарите во неделата кажаа дека тој веќе не е заразен.

    Осврнувајќи се на своето заздравување од ковид-19, тој кажа:

    „Велат дека сум имун, се чувствувам многу моќно. Би можел да се прошетам меѓу вас и сите да ве бакнам, и мажи и жени. Ќе ви дадам голем, дебел бакнеж“.

    Тој вети дека ако победи на изборите, ќе продолжи нормалниот живот, додека Бајден ќе ја одложи вакцината и ќе ја уништи економијата преку „драконски“ карантин.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира