ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ОБВИНИ ТРИ РУСКИ АГЕНЦИИ ЗА ШИРЕЊЕ ДЕЗИНФОРМАЦИИ И ПОТТИКНУВАЊЕ НЕМИРИ НИЗ ЕВРОПА

    ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ОБВИНИ ТРИ РУСКИ АГЕНЦИИ ЗА ШИРЕЊЕ ДЕЗИНФОРМАЦИИ И ПОТТИКНУВАЊЕ НЕМИРИ НИЗ ЕВРОПАЛондон вели дека мрежата била финансирана од Кремљ (Фото: МНА)

    Британската влада воведе санции против три руски агенции и нивни директори под обвинение дека раководеле со дезинформациски кампањи и поттикнувале противукраински протести низ Европа. Трите агенции се обвинети дека предводеле „огромна штетна онлајн мрежа“ попозната како двојник.

    Мрежата користела измамнички тактики за да ја замаскира вистината околу илегалната руска инвазија врз Украина и да го одврати вниманието од вистинската природа на војната“, објави британското министерство за надворешни работи.

    Се додава дека мрежата била финансирана од Кремљ со цел да се создаваат и шират дезинформации на социјалните мрежи, со кои би се поткопувала демократијата и би се ослабнувала меѓународната поддршка за Украина.

    Путин е толку очаен да ја поткопа европската поддршка за Украина што сега прибегнува кон несмасни, неефикасни напори да поттикне немири. Нема да ги толерираме вашите лаги и мешање“, изјави британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира