ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ПЛАНИРА ДА ГИ УКИНЕ СИТЕ РЕСТРИКЦИИ ДО 21 ЈУНИ

    ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ПЛАНИРА ДА ГИ УКИНЕ СИТЕ РЕСТРИКЦИИ ДО 21 ЈУНИЏонсон претстави план на отворање на земјата во четири фази, почнувајќи на 8 март

    Велика Британија до 21 јуни планира да ги укине сите рестриктивни мерки, објави вечерва премиерот Борис Џонсон, додека земјата забрзано ја спроведува имунизацијата против ковид-19.

    Планот на Џонсон предвидува постепено олеснување на мерките, почнувајќи од 8 март, кога повторно ќе бидат отворени училиштата. Од 29 март ќе бидат дозволени собири на шест луѓе од различни домаќинства и ќе продолжат сите спортски активности на отворено.

    Продавниците, фризерските салони, теретаните и некои јавни установи се отвораат на 12 април, како и зоолошките градини и тематските паркови.

    Третата фаза од отворањето почнува на 17 мај, кога ќе бидат укинати повеќето ограничувања кои се однесуваат на социјални контакти и повторно ќе се отворат кината, музеите и хотелите со почитување на социјална дистанца. На стадионите ќе бидат дозволени 10.000 гледачи.

    Џонсон се надева дека сите рестрикции ќе бидат укинати до 21 јуни, кога повторно ќе се отворат и последните затворени гранки на економијата, како ноќни клубови.

    Околу 17 милиони Британци досега ја имаат примено првата доза од вакцината.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира