ВЕНЕЦИЈА ПОПЛАВЕНА ПО НАЈВИСОКАТА ПЛИМА ВО ПОСЛЕДНИТЕ 50 ГОДИНИ

    ВЕНЕЦИЈА ПОПЛАВЕНА ПО НАЈВИСОКАТА ПЛИМА ВО ПОСЛЕДНИТЕ 50 ГОДИНИПлоштадот Свети Марко е меѓу најтешко погодените области (Фото: АФП)

    Делови од Венеција се под вода, како последица на највисоката плима во последните 50 години.

    Нивото на водата достигна 1,87 метри и само еднаш откако почнале мерењата во 1923 година, плимата била повисока, 1,94 метри во 1966.

    Повисока плима во последните стотина години имало само во 1966 (Фото: АФП)

    Популарни туристички места се целосно поплавени, додека луѓето се движат низ водата откако градот беше погоден од невреме. Плоштадот Свети Марко, еден од најниските делови на градот, е меѓу најтешко погодените области и тамошната истоимена базилика е поплавена само шести пат во последните 1.200 години, велат официјални податоци. Членот на советот Пјерпаоло Кампострини вели дека четири од тие поплавувања се случиле во изминатите 20 години.

    Две лица загинаа на островот Пелестрина, тенок појас што ја раздвојува лагуната на Венеција со Јадранското Море. Градоначалникот Луиџи Бруњаро прогласи вонредна состојба и предупреди дека поплавата може да остави траен белег врз градот.

    „Ситуацијата е драматична, побаравме помош од владата. Цената ќе биде висока. Ова е последица на климатски промени“, кажа Бруњаро.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира