ВЕНЕЦУЕЛА И ГВАЈАНА СЕ ПОДГОТВУВААТ ЗА ВОЈНА ПОРАДИ РЕГИОН БОГАТ СО НАФТА

    ВЕНЕЦУЕЛА И ГВАЈАНА СЕ ПОДГОТВУВААТ ЗА ВОЈНА ПОРАДИ РЕГИОН БОГАТ СО НАФТАНа референдумот во неделата, 95% гласачи го одобрија воспоставувањето на нова венецуелска покраина во Есекибо (Фото: Гети)

    Гвајана ја стави војската во состојба на висока готовност откако претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, кажа дека ќе продолжи со плановите за преземање на Есекибо, регион богат со нафта што го контролира соседната Гвајана. Мадуро ѝ нареди на државната нафтена компанија да издаде дозволи за ископувања и му предложи на Националното собрание да усвои закон со кој Есекибо ќе стане дел од Венецуела.

    На референдумот во неделата, 95% гласачи го одобрија воспоставувањето на нова венецуелска покраина во регионот, иако излезноста беше само 10%. Сепак, Мадуро тврди дека во земјата постои широка поддршка за ова прашање.

    Претседателот на Гвајана, Ирфан Али, изјави дека побарал од Советот за безбедност на Обединетите нации да интервенира.

    Ова е директна закана за територијалниот интегритет, суверенитетот и политичката независност на Гвајана и затоа ќе ги засилиме мерките на претпазливост за да ја заштитиме нашата територија“, кажа Али.

    Во исто време, и Бразил соопшти дека распоредува дополнителни војници и оклопни возила долж границата со Венецуела.

    Секој воен упад на Венецуела ќе биде логистички предизвик зашто нејзината војска ќе мора да помине низ бразилска територија за да влезе во Есекибо поради тешкиот терен на другите места.

    Венецуела долго време ја оспорува одлуката од 1899 година со која Есекибо ѝ бил даден на Велика Британија. Гвајана, некогаш Британска Гвајана, го држи Есекибо повеќе од еден век, а спорот дополнително се заостри откако во 2015 беше пронајдена нафта покрај неговиот брег. Приходите на Гвајана во најголем дел доаѓаат од нафтата и нејзината економија е една од најбрзо растечките на светот во последните години.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира