ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА МОЖЕ ДА ДОВЕДЕ ДО ИЗУМИРАЊЕТО НА ЧОВЕШТВОТО, ПРЕДУПРЕДИЈА ЕКСПЕРТИТЕ

    ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА МОЖЕ ДА ДОВЕДЕ ДО ИЗУМИРАЊЕТО НА ЧОВЕШТВОТО, ПРЕДУПРЕДИЈА ЕКСПЕРТИТЕМеѓу оние кои ја потпишаа изјавата е и научникот Џефри Хинтон, кој се смета за кум на вештачката интелигенција (Фото: Гети)

    Вештачката интелигенцијата би можела да доведе до изумирањето на човештвото, предупредија експертите, меѓу кои е и шефот на компанијата „ОпенАИ“, која го разви сè попопуларниот четбот ЧетГПТ. Десетици експерти ја поддржаа изјавата објавена на сајтот на Центарот за безбедност на вештачката интелигенција.

    Оваа изјава има за цел да покрене дискусија. Ублажувањето на ризикот од изумирањето предизвикано од вештачката интелигенција треба да биде глобален приоритет, покрај другите општествени ризици, како пандемија и нуклеарна војна“, стои во изјавата што ја потпишаа и шефовите на „ОпенАИ“ и „Гугл дипмајнд“, Сем Алтман и Демис Хасабис, како и научникот Џефри Хинтон, кој се смета за кум на вештачката интелигенција.

    Други, пак, сметаат дека овие стравувања се претерани.

    Ваквите научно-фантастични катастрофални сценарија се нереалистични. Моментално, вештачката интелигенција е далеку од способна да ги материјализира тие стравувања“, изјави Арвинд Нарајанан, компјутерски научник од Универзитетот Принстон.

    За наводните егзистенцијални закани од вештачката интелигенција првпат се прозборе во март, кога група експерти, вклучувајќи го Илон Маск, потпиша отворено писмо, во кое побара прекин на развојот на следната генерација на оваа технологија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира