ВИЕТНАМ ГРАНИЧИ СО КИНА И ИМА 95 МИЛИОНИ ЖИТЕЛИ, А ДОСЕГА НЕМА СМРТЕН СЛУЧАЈ ОД КОВИД-19

    ВИЕТНАМ ГРАНИЧИ СО КИНА И ИМА 95 МИЛИОНИ ЖИТЕЛИ, А ДОСЕГА НЕМА СМРТЕН СЛУЧАЈ ОД КОВИД-19Повеќе од два месеца, Виетнам нема пријавено случај на локално пренесување на коронавирусот (Фото: АФП)

    Иако неверојатно добро се справи со ширењето на коронавирусот, Виетнам засега нема намера да ги отвори границите за странските туристи, изјави премиерот Нгујен Шуан Фук.

    Благодарение на агресивната, целна програма на тестирање и централизираниот систем на карантин, Виетнам, иако граничи со Кина и има 95,5 милиони жители, успеа да ја ограничи епидемијата на само 352 случаи на зараза и досега нема ниеден починат од ковид-19.

    „Нема никаква смисла да брзаме со отворањето на границите. Виетнам сѐ уште не е подготвен повторно да ги прими странските туристи. Странски експерти, висококвалификувани работници и инвеститори се добредојдени во Виетнам, но сите ќе бидат строго набљудувани“, изјави Фук.

    Повеќе од два месеца, земјата нема пријавено случај на локално пренесување на коронавирусот. Во почетокот на месецот, Виетнам најави дека планира да ги обнови летовите со земјите кои најмалку 30 дена немаат регистрирано нов случај на коронавирус.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира