ВИЛ СМИТ ИСФРЛЕН ОД ОСКАРИТЕ НА 10 ГОДИНИ ОТКАКО ГО УДРИ КРИС РОК

    ВИЛ СМИТ ИСФРЛЕН ОД ОСКАРИТЕ НА 10 ГОДИНИ ОТКАКО ГО УДРИ КРИС РОКСмит ќе го задржи Оскарот за најдобар актер освоен истата вечер (Фото: Гети)

    Вил Смит доби десетгодишна забрана за присуство на Оскарите откако го удри Крис Рок на неодамнешното доделување. Казната му ја изрече Академијата за филмска уметност и наука на денешниот онлајн состанок, на кој се дискутираше за постапката на Смит. Тој се извини за своето однесување и се повлече од членството во Академијата.

    Смит се качи на сцената откако Рок кажа шега за избричената глава на неговата сопруга Џејда Пинкет-Смит, која се бори со алопеција поради што ѝ опаѓа косата, при што му удри шамар и потоа се врати на своето место во публиката. Набргу потоа, Смит го прими Оскарот за најдобра машка улога и се извини, но не и на Рок.

    „Годинашната церемонија беше засенета од неприфатливото и штетно однесување на Смит на сцената“, соопшти Академијата.

    Досега имало малку случаи на повлекување од Академијата. Исто така, досега бил одземен само еден Оскар, на документарниот филм „Млади Американци“ во 1969, откако било утврдено дека не можел да конкурира за наградата таа година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира