ВИТКОФ ГО ПОФАЛИ ПУТИН ДЕКА Е ХУМАНИТАРЕЦ

    ВИТКОФ ГО ПОФАЛИ ПУТИН ДЕКА Е ХУМАНИТАРЕЦКремљ објави дека Путин се согласил да ги продолжи мировните разговори со Украина (Фото: ДПА)

    Стив Виткоф, специјалниот пратеник на САД, го пофали рускиот лидер Владимир Путин за време на нивните разговори во Санкт Петербург, нарекувајќи го хуманитарец.

    „Вие многу зборувате за тоа дека мојот претседател, претседателот Трамп, е хуманитарец. И вие сте хуманитарец, господине, го поздравувам тоа, Ви оддавам признание и уште еднаш ви благодарам“, изјави Виткоф на видеоснимка објавена на социјалните мрежи.

    Посетата на Виткоф беше најновиот обид на САД да ги доведат Москва и Киев на преговарачка маса. Тој вчера се сретна и со Володимир Зеленски во Осло.

    Кремљ објави дека Владимир Путин се согласил да ги продолжи мировните разговори со Украина следниот месец. Тие би се одвивале на техничко ниво и би можеле да се одржат во Абу Даби, почнувајќи од 10 ноември.

    Руските напади врз Киев и Харкив продолжија и денеска, при што загинаа три лица. Според податоците на Обединетите нации, само во септември загинале 328 украински цивили, додека руските сили ја бомбардираат енергетската инфраструктура низ целата земја.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира