„Визер“ објави дека од 1 декември, целиот екипаж во неговите авиони ќе биде вакциниран против ковид-19, а во специјални случаи и ќе се тестира. Од авиокомпанијата кажаа дека ова го прават во интерес на здравјето и безбедноста на своите патници и екипаж, што пак ќе овозможи непречени и континуирани летови на долг рок.
„Визер“ нагласува дека е една од првите европски авиокомпании кои на овој начин ги зајакнуваат заштитните мерки.
„Приоритет број еден за нас се здравјето и безбедноста на нашите патници и вработени. Имаме одговорност да ги заштитиме екипажот и патниците во авионот со ублажување на ризиците од ковид-19, а вакцините играат витална улога во ова“, изјави Јозеф Варади, извршниот директор на „Визер“.
„Јунајтед ерлајнс“ беше првата авиокомпанија која воведе задолжително вакцинирање за своите 67.000 вработени, а од 15 ноември оваа мерка ќе биде на сила и во „Свис ерлајнс“.