Бројката на заразени пациенти со коронавирус во Грција порасна на 31, откако 21 лице биле во контакт со деветиот позитивен случаj, објави портпаролот на грчкото Министерство за здравство Димитрис Циодрас.
Новите случаи се обелоденија откако здравствените власти ги испитувале сите кои биле во контакт со 65-годишниот Грк, кој е во карантин во болница во Патрас, западна Грција.
Новите заразeни пациенти се дел од 53-та патници кои патувале со него за време на религиозно патување во Израел и Египет. Според изворите, 65-годишниот маж има сериозна респираторна инфекција. Неговата 65-годишна сопруга беше тестирана и е позитивна на коронавирус, и со тоа стана десеттиот потврден случај.
Циодрас рече дека докторите тестирале 21 лице од неговите сопатници, и идентификувале над 400 негови познаници со кои контактирал и се по потрага по нив.