ВЛАДАТА НА ТРАМП ЈА ПРОГЛАСИ МАРИХУАНАТА ЗА ПОМАЛКУ ОПАСНА ДРОГА, ДАВАЈЌИ Ѝ ПОТТИК НА ИНДУСТРИЈАТА ОД 47 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ

    ВЛАДАТА НА ТРАМП ЈА ПРОГЛАСИ МАРИХУАНАТА ЗА ПОМАЛКУ ОПАСНА ДРОГА, ДАВАЈЌИ Ѝ ПОТТИК НА ИНДУСТРИЈАТА ОД 47 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИСите освен две сојузни држави ја легализираа марихуаната во некоја форма (Фото: АП)

    Американското министерство за правда ѝ даде нова класификација на марихуаната, прогласувајќи ја за помалку опасна дрога, што ќе биде голем поттик за индустријата вредна 47 милијарди долари. Ова е една од најголемите промени во американската политика за дроги во последните децении.

    Овој потег не ја легализира марихуаната низ целата држава, но веројатно ќе ја преобликува индустријата која се соочува со континуирани бариери на федерално ниво, дури и кога сите, освен две сојузни држави ја легализираа во некоја форма.

    Државно регулираните производи за медицинска марихуана сега ќе бидат преместени од група на високо зависни дроги, како што е хероинот, во помалку рестриктивна категорија на производи кои имаат низок до умерен потенцијал за злоупотреба, вклучувајќи ги вообичаените лекови против болки, кетаминот и тестостеронот. Производите од марихуана одобрени од Агенцијатаа за храна и лекови на САД исто така ќе бидат преместени во таа категорија.

    Мерките веројатно ќе ги намалат бариерите за истражување, ќе ги олеснат даночните оптоварувања и ќе им го олеснат на фирмите обезбедувањето финансии.

    Дваесет и четири сојузни држави и округот Колумбија го легализираа канабисот за рекреативни цели, додека 40 го легализираа целосно за медицинска употреба. Само Ајдахо и Канзас не дозволуваат никаква легална употреба.

    Се очекува легалната продажба да достигне 47 милијарди долари во 2026 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира