ВЛАДАТА НА ЦИПРАС ЈА ДОБИ ДОВЕРБАТА ОД ПРАТЕНИЦИТЕ ПРЕД ПОТПИШУВАЊЕТО НА ДОГОВОРОТ СО МАКЕДОНИЈА

    ВЛАДАТА НА ЦИПРАС ЈА ДОБИ ДОВЕРБАТА ОД ПРАТЕНИЦИТЕ ПРЕД ПОТПИШУВАЊЕТО НА ДОГОВОРОТ СО МАКЕДОНИЈАПарламентот со 153 гласа против и 127 гласа за, ја одби иницијативата на опозиционата партија Нова Демократија за гласање недоверба на Владата предводена од премиерот Алексис Ципрас.

    Владата на премиерот  Алексис Ципрас ја доби довербата на грчкиот парламент.

    Парламентот со 153 гласа против и 127 гласа за, ја одби иницијативата на опозиционата партија Нова Демократија за гласање недоверба на Владата поради договорот за спорот со името меѓу Македонија и Грција, кој ќе се потпише во Преспа.

    За недоверба на Владата гласаше и пратеникот од партијата Независни Грци, Димитрос Каменос, кој потоа веднаш беше исклучен од партија.

    Во расправата во Парламентот опозицијата жестоко ја критикуваше Владата предводена од Ципрас за договорот за решавање на спорот за името со Македонија. Лидерот на опозиционата Нова Демократија Киријакос Мицотакис остро го нападна лидерот на Независни Грци, Панос Каменос, цитирајќи негова изјава дека никогаш нема да се откажат од концесија на името Македонија.

    Поранешниот грчки премиер Антонис Самарас рече дека Владата се откажа од сè, капитулирала во сè  .

    На крајот на расправата во Парламентот се обрати премиерот Алексис Ципрас кој бранејќи го договорот со Македонија рече дека Грција од период на економска слабост и меѓународна изолација преминала во време на динамично економско заздравување и зајакнување на нејзината меѓународна позиција. Ципрас рече дека не може да разбере зошто опозицијата го избрала овој момент да се обиде да ја собори Владата, користејќи го најсилното институционално оружје.

    Додека траеше расправата пред Парламентот граѓани претестираа против договорот постигнат меѓу двете влади.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира