ВЛАСТИТЕ НА ВЕНЕЦУЕЛА ВЕЛАТ ДЕКА ГО СПРЕЧИЛЕ МАЛИОТ ОБИД ЗА ПУЧ НА ГУАИДО

    ВЛАСТИТЕ НА ВЕНЕЦУЕЛА ВЕЛАТ ДЕКА ГО СПРЕЧИЛЕ МАЛИОТ ОБИД ЗА ПУЧ НА ГУАИДОВојската досега главно му беше лојална на претседателот Мадуро (Фото: АП)

    Властите на Венецуела велат дека се справуваат со мал обид за пуч од страна на опозицискиот лидер и самопрогласен претседател Хуан Гуаидо, кој денеска објави дека ја почнува „завршната фаза на соборувањето на режимот на Николас Мадуро“.

    „Насилни дејства на одделни припадници на вооружените сили се главно спречени и повеќето од бунтовничките сили се повлекоа од улиците. Врвот на армијата остана лојален на уставот“, кажа министерот за одбрана Владимир Падрино Лопес.

    Гуаидо се појави во кратка видеоснимка, снимена пред најголемата воена база во Каракас, во која вели дека ја има поддршката на армијата. Тој се прогласи за претседател во јануари и беше признат од голем број држави, повикувајќи ја војската да му помогне „да стави крај на узурпацијата на власта од страна на Мадуро“. Војската, сепак, во најголема мера остана зад Мадуро досега.

    „Зборував со челниците на армијата и тие покажаа целосна лојалност кон народот, уставот и татковината“, напиша Мадуро на Твитер.

    Гуаидо се појави во триминутно видео со десетици униформирани лица и со друг опозициски лидер Леополдо Перес, за кого се знаеше дека е во домашен притвор. Лопес вели дека бил ослободен од припадници на армијата и му изрази лојалност на Гуаидо.

    Министерот за надворешни работи Хорхе Ареаса го обвини американскиот потпретседател Мајк Пенс дека го предводи обидот за пуч.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира