ВЛЕЗ ВО ЕУ ЌЕ ЧИНИ СЕДУМ ЕВРА ОД МАЈ 2023

    ВЛЕЗ ВО ЕУ ЌЕ ЧИНИ СЕДУМ ЕВРА ОД МАЈ 2023ЕТИАС-одобрението ќе биде валидно за неограничен број влегувања во ЕУ во рок од три години (Фото: Скопски аеродром)

    Бесплатните патувања во Европската Унија ќе завршат во мај 2023, кога Брисел ќе ја лансира долгоочекуваната шема за укинување на визите, ЕТИАС.

    Иако ЕТИАС не е исто што и виза, сепак постои процедура за која ќе мора да се плати, налик на американската шема ЕСТА. Постапката ќе биде побрза, онлајн и без биометриски информации во споредба со досега, а лицата од 18 до 70 години ќе ги чини седум евра. Засега е непознато дали за останатите ќе биде бесплатна или поевтина.

    ЕТИАС, односно Европски систем за информации и авторизација на патувања, требаше да стартува кон крајот на оваа година.

    Новата постапка ќе биде задолжителна за сите кои влегуваат од ЕУ од земји на кои досега не им беше потребна виза, што ги вклучува и Македонија, САД и Велика Британија.

    „Процесот на аплицирање ќе оди преку автоматизиран систем и во 95% случаи одобрението ќе биде издадено за неколку минути. Во исклучителни случаи, најдолгото време за чекање ќе биде до еден месец“, соопштија од Брисел.

    ЕТИАС-одобрението ќе биде валидно за неограничен број влегувања во ЕУ во рок од три години.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира