ВО АМЕРИКА СЕ СОЗДАВА ОПАСНА ОЛИГАРХИЈА, КАЖА БАЈДЕН ВО СВОЈОТ ПРОШТАЛЕН ГОВОР КАКО ПРЕТСЕДАТЕЛ

    ВО АМЕРИКА СЕ СОЗДАВА ОПАСНА ОЛИГАРХИЈА, КАЖА БАЈДЕН ВО СВОЈОТ ПРОШТАЛЕН ГОВОР КАКО ПРЕТСЕДАТЕЛБајден в понеделник ќе ја напушти Белата куќа (Фото: АП)

    Џо Бајден предупреди дека во Америка се создава опасна олигархија, одржувајќи го својот проштален говор додека се подготвува да стави крај на својата повеќедецениска политичка кариера.

    Денес во Америка се обликува олигархија на екстремно богатство, моќ и влијание, што се заканува на нашата демократија и нашите основни права и слободи. Овој ултрабогат технолошко-индустриски комплекс би можел да има неконтролирана моќ над Американците“, кажа 82-годишниот Бајден.

    Најбогатиот човек на светот Илон Маск ќе биде дел од новата влада, додека Џеф Безос и Марк Закерберг се обидуваат да ги поправат своите односи со Доналд Трамп пред неговото враќање во Белата куќа на 20 јануари. Најавено е дека сите тројца ќе присуствуваат на инаугурацијата.

    Осврнувајќи се на својот мандат, Бајден посочи дека неговата администрација создала работни места, инвестирала во инфраструктурата, ја водела нацијата низ пандемијата на коронавирусот и ја направила земјата побезбедна.

    Ќе треба време за да се почувствува целосното влијание на она што сме го направиле заедно, но семињата се посадени и ќе растат и цветаат во следните децении“, рече Бајден.

    Тој ѝ посака успех на владата на Доналд Трамп и го искористи своето телевизиско обраќање од Белата куќа за да предупреди на климатски промени и дезинформации на социјалните мрежи.

    Моќните сили сакаат да го користат своето неконтролирано влијание за да ги елиминираат чекорите што ги презедовме за да се справиме со климатската криза. Исто така, Американците се закопани под лавина на дезинформации, што овозможува злоупотреба на моќта“, кажа Бајден.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира