ВО СИБИРСКИ РУСКИ ГРАД НА АРКТИКОТ ИЗМЕРЕНА РЕКОРДНА ТЕМПЕРАТУРА ОД 38 ЦЕЛЗИУСОВИ СТЕПЕНИ

    ВО СИБИРСКИ РУСКИ ГРАД НА АРКТИКОТ ИЗМЕРЕНА РЕКОРДНА ТЕМПЕРАТУРА ОД 38 ЦЕЛЗИУСОВИ СТЕПЕНИДеца се играат во езеро во близина на Верхојанск откако шумските пожари во Сибир предизвикаа жежок бран во регионот (Фото: АП)

    Град во Сибир кој се карактеризира со најголемите температурни разлики на светот регистрираше нов рекорд како резултат на жешкиот бран предизвикан од сериозните шумски пожари.

    Во градот Верхојанск вчера биле измерени 38 Целзиусови степени, објави сајтот „Погода и климат“, кој ги собира метеоролошките податоци во Русија. Градот се наоѓа над Арктичкиот Круг во републиката Саха, околу 4.460 километри североисточно од Москва.

    Верхојанск, кој има 1.300 жители, беше признат од Гинисова книга на рекорди како град со најекстремниот температурен распон на светот. Најниската температура измерена таму изнесувала -68 Целзиусови степени, а претходниот највисок рекорд беше +37,2 степени.

    Голем дел од Сибир оваа година се соочи со невообичаено високи температури како последица на шумските пожари. Во Саха горат повеќе од 275.000 хектари шуми.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари