ВО АВСТРИЈА ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ВЛЕЗЕ ВО СУПЕРМАРКЕТ САМО СО МАСКА

    ВО АВСТРИЈА ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ВЛЕЗЕ ВО СУПЕРМАРКЕТ САМО СО МАСКАСите ланци на супермаркети ќе добијат маски и ќе ги делат на купувачите (Фото: Ројтерс)

    Австријците ќе мора да носат заштитна маска кога одат да пазаруваат, објави владата.

    Сите ланци на супермаркети ќе добијат маски и секој купувач ќе добие една при влегување.

    „Носење маска ќе биде задолжително во ситуации кога има близок контакт меѓу луѓе. Маските не се дел од нашата култура и ќе мора да се прилагодиме на тоа, но неопходно е да го преземеме овој чекор за да се спречи натамошно ширење на коронавирусот“, изјави канцеларот Себастијан Курц.

    Во Австрија моментално има над 9.000 заразени, како и повеќе од 100 починати.

    Австрија е меѓу земјите кои најрано презедоа строги мерки против ширењето на коронавирусот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира