ВО БЕРЛИНСКИ ХОТЕЛ ЕКСПЛОДИРАШЕ ОГРОМЕН АКВАРИУМ СО 1.500 РИБИ, ПОПЛАВЕНИ И ОКОЛНИТЕ УЛИЦИ

    ВО БЕРЛИНСКИ ХОТЕЛ ЕКСПЛОДИРАШЕ ОГРОМЕН АКВАРИУМ СО 1.500 РИБИ, ПОПЛАВЕНИ И ОКОЛНИТЕ УЛИЦИПолицијата кажа дека станува збор за несреќен случај (Фото: АП)

    Огромен аквариум со милиони литри вода експлодираше во предворјето на „Радисон блу“ во Берлин, поплавувајќи ги хотелот и околните улици. Четиринаесет метри високиот „Аквадом“, во кој живееја 1.500 тропски риби, се сметаше за најголемиот самостоечки цилиндричен аквариум на светот.

    Полицијата кажа дека е причинета „неверојатна поморска штета“ и дека две лица се повредени од искршеното стакло. Гостите се преместени од хотелот.

    Четиринаесет метри високиот „Аквадом“ се наоѓаше во предворјето на „Радисон блу“ (Фото: Твитер)

    Аквариумот беше модернизиран пред две години и не е познато што е причината за неговото кршење. Повеќе од 100 пожарникари се распоредени во и околу хотелот.

    „Огромно количество вода се истури на околните улици. Возачите се предупредени да возат внимателно“, соопшти полицијата.

    Извори од полицијата кажаа дека нема докази дека имало насилен напад на аквариумот, кој содржеше повеќе од 100 различни видови риба. „Аквадом“ беше отворен во 2003 година и негова изградба чинеше 12,8 милиони евра.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира