ВО БРИТАНИЈА СЕДУММИНА ОД 18 МИЛИОНИ ИМУНИЗИРАНИ ПОЧИНАЛЕ ОД ТРОМБОЗА ПО ВАКЦИНИРАЊЕТО СО „АСТРАЗЕНЕКА“

    ВО БРИТАНИЈА СЕДУММИНА ОД 18 МИЛИОНИ ИМУНИЗИРАНИ ПОЧИНАЛЕ ОД ТРОМБОЗА ПО ВАКЦИНИРАЊЕТО СО „АСТРАЗЕНЕКА“Засега е нејасно дали ова е случајно или е насакана реакција на вакцината (Фото: СДК.МК)

    Седум луѓе починале во Велика Британија од редок тип на тромбоза откако се вакцинирале со „АстраЗенека“, потврди британското регулаторно тело (МХРА). Вкупно 30 од 18 милиони имунизирани со оваа вакцина добиле тромбоза, заклучно со 24 март. Засега е нејасно дали ова е случајно или е насакана реакција на вакцината.

    Британските регулатори уште еднаш нагласија дека придобивките од вакцината ги надминуваат ризиците, како што заклучија и Светската здравствена организација и Европската агенција за лекови.

    Германија, Франција, Холандија и Канада се меѓу земјите кои ја ограничија употребата на оваа вакцина на одредена возраст, односно над 55-60 години.

    Германија пријави девет смртни случаи меѓу 2,7 милиони вакцинирани со „АстраЗенека“, главно жени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира