ПРОНАЈДЕНИ 39 ЛЕШЕВИ ВО АНГЛИЈА ВО КАМИОН ШТО ДОШОЛ ОД БУГАРИЈА

    ПРОНАЈДЕНИ 39 ЛЕШЕВИ ВО АНГЛИЈА ВО КАМИОН ШТО ДОШОЛ ОД БУГАРИЈАКамионот е пронајден во индустриската зона во Есекс (Фото: Алами)

    Триесет и девет лешеви се пронајдени во приколката на камион во Есекс, Англија, потврди полицијата.

    Возачот на камионот, 25-годишен маж од Северна Ирска, е уапсен под сомнеж дека извршил убиство.

    „Првите испитувања покажуваат дека починале 38 возрасни лица и еден тинејџер. Идентификувањето на жртвите ќе биде долг процес“, соопшти полицијата на Есекс.

    Камионот дошол од Бугарија и влегол во Велика Британија во саботата. Телата се откриени во индустриската зона во Грејс, Есекс.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира