ВО ДИЈАРБАКИР СЕ ИСПИТУВААТ ЗГРАДИ УНИШТЕНИ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ, СЕ ГРАДЕЛЕ ОД КАЛ И МАЛКУ ЦЕМЕНТ

    ВО ДИЈАРБАКИР СЕ ИСПИТУВААТ ЗГРАДИ УНИШТЕНИ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ, СЕ ГРАДЕЛЕ ОД КАЛ И МАЛКУ ЦЕМЕНТЕрдоган кажа дека 47.000 згради се уништени или тешко оштетени во земјотресот (Фото: АФП)

    Во турскиот град Дијарбакир, кој тешко настрада во неодамнешниот силен земјотрес, започна испитувањето на примероците од урнатите згради. Првите наоди покажале дека во нив имало кал, а количеството цемент било мало.

    Во рамките на истрагата што ја води главниот обвинител на Дијарбакир, примероци биле земени и од остатоците на станбената зграда „Јолдаш“ во населбата Беглар. Тимот предводен од професорот Седат Саваш утврдил дека цврстината на бетонот била мала, процентот на цементот низок, а зградата била изградена од лош материјал.

    „Осум тима истражуваат на местата погодени од земјотресот. Во Дијарбакир земавме примероци од шест урнати згради. За десеткатната зграда ‘Јолдаш‘ не постои проект. Најдовме кал во земените примероци. Останати се многу малку здрави столбови“, изјави Саваш.

    Тој претпоставува дека зградата била изградена во 1990-ите, а калливиот материјал веројатно бил земен од коритото на потокот во близина.

    „Спроведовме и еден експеримент, кој покажа компресивна сила од 3-4 мегапаскали, а за сегашниот сеизмички код потребни се 35 мегапаскали. Бетонот бил излеан во многу лоши услови, но тоа се објекти без проект. Во Беглар има многу такви згради и во нив живеат многу луѓе“, кажа Саваш.

    Турскиот претседател Ердоган изјави дека 47.000 згради се уништени или тешко оштетени во земјотресот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира