ВО ЕКСПЛОЗИЈА НА БОМБА УБИЕН ЗАМЕНИК-ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА РУСКИОТ ГРАД СТАВРОПОЛ, КОЈ РАКОВОДЕЛ СО ВОЗДУШНИТЕ НАПАДИ ВРЗ МАРИУПОЛ

    ВО ЕКСПЛОЗИЈА НА БОМБА УБИЕН ЗАМЕНИК-ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА РУСКИОТ ГРАД СТАВРОПОЛ, КОЈ РАКОВОДЕЛ СО ВОЗДУШНИТЕ НАПАДИ ВРЗ МАРИУПОЛОд септември минатата година, Заур Гурциев бил заменик-градоначалник на Ставропол (Фото: социјални мрежи)

    Во експлозија на бомба во јужниот руски град Ставропол загина поранешниот руски офицер Заур Гурциев, кој раководеше со воздушните напади врз Мариупол за време на крвавата опсада на овој град во 2022. Неговата смрт ја потврди гувернерот на регионот Ставропол, Владимир Владимиров.

    Се следат сите траги, вклучувајќи ја можноста за терористички напад од украинските нацисти“, рече Владимиров.

    Во експлозијата загинал и 29-годишен познаник на Гурциев, за кого се вели дека ја активирал импровизираната експлозивна направа. Рускиот истражен комитет отворил истрага за убиство и шверц на оружје.

    Триесет и четиригодишниот Гурциев ги надгледувал руските воздушни напади врз Мариупол, каде што загинале околу 8.000 цивили за време на руската опсада од март до мај 2022. Од септември минатата година, Гурциев бил заменик-градоначалник на Ставропол.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира