Бројот на жртви на КОВИД-19 во Франција нагло порасна на повеќе од 10.000 откако се дозна дека во старечките домови починале над 800 луѓе.
Од 1 март, во Франција има 10.238 починати од КОВИД-19, при што во последните 24 часа се регистрирани 607 смртни случаи во болниците. Кон тоа се додадени и 820 луѓе кои починале во старечките домови во изминатите денови.
Франција е во карантин од 15 март.
„Епидемијата и натаму е во напредна фаза. Врвот на заразата уште не е достигнат. Засега не е пожелно да се олеснуваат ограничувањата“, изјавија здравствените власти.