ВО ГРЦИЈА ВЧЕРА ИЗБИЛЕ 64 ПОЖАРИ, НАРЕДЕНИ ЕВАКУАЦИИ И НА КРФ

    ВО ГРЦИЈА ВЧЕРА ИЗБИЛЕ 64 ПОЖАРИ, НАРЕДЕНИ ЕВАКУАЦИИ И НА КРФПожарот на Крф избувна во северниот дел на островот (Фото: ЕПА)

    Грчките власти наредија евакуации и на Крф, додека пожарникарите се борат со 82 пожари низ земјата, од кои 64 избија вчера, што беше најтоплиот ден ова лето.

    Пожарот на Крф, кој е популарен кај британските туристи, избувна во северниот дел на островот, при што на жителите на шест области им беше наредено да се евакуираат. Владини агенции распоредија чамци и бродови во областа за да ги евакуираат луѓето.

    Најсериозниот пожар гори на островот Родос, оддалечен над 1.000 километри од Крф. Овој пожар е активен веќе шест дена и досега се евакуирани околу 19.000 луѓе од неколку области. Министерството за климатски промени и цивилна заштита кажа дека тоа била најголемата евакуација поради пожар во земјата. Уништени се најмалку три хотели во шумската област Киотари во источниот дел на Родос, а илјадници туристи кампуваа на локалниот меѓународен аеродром, чекајќи лет за дома.

    Грчката противпожарна служба соопшти дека ситуацијата би можела да се влоши и дека борбата со постојните пожари ќе трае со денови. Властите откажаа национален празник предвиден за денеска поради „вонредните околности кои владеат во земјата поради пожарите“.

    Времето на Медитеранот беше многу топло и вчера, при што на 180 локации биле измерени температури од 40 Целзиусови степени и повеќе. Највисоката температура била регистрирана во јужниот грчки приморски град Гитело од 46,4 степени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира