ВО ХАКИРАЊЕТО НА ТВИТЕР УКРАДЕНИ ЕЛЕКТРОНСКИТЕ АДРЕСИ НА НАД 200 МИЛИОНИ КОРИСНИЦИ, ТВРДИ ИЗРАЕЛСКИ ЕКСПЕРТ

    ВО ХАКИРАЊЕТО НА ТВИТЕР УКРАДЕНИ ЕЛЕКТРОНСКИТЕ АДРЕСИ НА НАД 200 МИЛИОНИ КОРИСНИЦИ, ТВРДИ ИЗРАЕЛСКИ ЕКСПЕРТТвитер досега не го коментираше извештајот (Фото: ЕПА)

    Електронските адреси на над 200 милиони корисници на Твитер се украдени од хакери кои потоа ги објавиле на онлајн хакерски форум, изјави израелскиот експерт за сајбербезбедност Алон Гал.

    Овој пробив веројатно ќе доведе до многу хакирање, фишинг и јавно објавување лични податоци. Ова е едно од најзначајните протекувања што сум ги видел досега“, кажа Гал, коосновач на израелската фирма за сајбербезбедност и мониторинг „Хадсон Рок“.

    Твитер досега не го коментираше извештајот, што Гал првпат го објави на социјалните мрежи на 24 декември и не е познато дали во меѓувреме отворил истрага за масовното протекување. Скриншотови од хакерскиот форум, на кој податоците се појавија завчера, почнаа да кружат по интернет.

    Нема назнаки за идентитетот и локацијата на хакерот или хакерите кои стојат зад протекувањето, кое можело да се случи најрано во 2021 година, пред Илон Маск да ја купи компанијата за 44 милијарди долари. Варираа и информациите за обемот на протекувањето, па во декември се тврдеше дека биле украдени 400 милиони електронски адреси и телефонски броеви.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира