ВО ХАРКИВ ЌЕ СЕ ГРАДИ ПРВОТО ПОДЗЕМНО УЧИЛИШТЕ ВО УКРАИНА

    ВО ХАРКИВ ЌЕ СЕ ГРАДИ ПРВОТО ПОДЗЕМНО УЧИЛИШТЕ ВО УКРАИНАМинатиот месец, повеќе од 1.000 харкивски ученици ја почнаа новата учебна година во пет станици на подземната железница (Фото: Шатерсток)

    Првото подземно училиште во Украина ќе се гради во североисточниот град Харкив, објави градоначалникот Игор Терехов.

    Вакво засолниште ќе овозможи илјадници деца да продолжат да ја следат наставата безбедно дури и при закани од проектили“, кажа Терехов.

    Русија вчера повторно го ракетираше харкивскиот регион, што се случува доста често од почетокот на војната пред повеќе од една и пол година.

    Украина објави дека досега се уништени повеќе од 360 образовни установи низ земјата, а околу 3.000 се оштетени. Според УНИЦЕФ, само една третина од украинските деца моментално ја следат наставата во живо, среде постојаната опасност од гранатирање и воздушни напади. Многумина од нив се принудени да посетуваат настава во станиците на подземна железница и во други привремени засолништа.

    Постои план за изградба на првото подземно училиште во Украина. Училиштето ќе ги исполнува сите модерни безбедносни барања. Властите на Харкив нема да го намалат буџетот за образованието за ниедна гривна оваа и следната година, и покрај недостигот на средства“, изјави Терехов.

    Тој не даде детали кога училиштето ќе биде отворено и колку ученици ќе може да прими.

    Минатиот месец, повеќе од 1.000 харкивски ученици ја почнаа новата учебна година во пет станици на подземната железница, кои се претворени во „метро-училиште“. Учениците патуваат со автобуси и учат во две смени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира