Владимир Путин призна дека е голем фан на Илон Маск, технолошкиот милијардер кој има големо влијание во владата на Доналд Трамп, но и е критичен кон Украина и Володимир Зеленски.
Зборувајќи пред студентите на Државниот технички универзитет „Бауман“ во Москва, рускиот лидер го опиша Маск како редок визионер и пионер.
„Знаете, има еден човек кој живее во САД, Маск, за кого може да се каже дека се стреми кон Марс. Во историјата на човештвото ретко се појавуваат вакви луѓе кои ги придвижува одредена идеја“, кажа Путин.
Тој притоа го споредил Маск со ракетниот инженер Сергеј Королев, кој ја предводеше советската вселенска програма во 1950-тите и 1960-тите. Королев ги разви првиот советски сателит „Спутник“ и капсулата „Восток 1“, со која Јури Гагарин стана првиот човек во вселената во 1961.
Ова не е првпат Путин да го фали Маск. Во интервјуто со Такер Карлсон минатата година, Путин кажа дека ништо не го запира Маск и дека би сакал да соработува со него во области како вештачка интелигенција.