ВО ИТАЛИЈА НОВИ 345 ПОЧИНАТИ И 3.526 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУС

    ВО ИТАЛИЈА НОВИ 345 ПОЧИНАТИ И 3.526 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСВластите предупредуваат дека здравствениот систем во Ломбардија и Бергамо е пред колапс (Фото: Анса)

    Во Италија во последните 24 часа починале 345 луѓе од коронавирусот, со што трет ден по ред во земјата има над 300 мртви.

    Вкупната бројка починати во Италија сега се искачи на 2.503.

    Специјалниот комесар Анџело Борели информираше дека се регистрирани и 3.526 новозаразени, а вкупната бројка од почетокот на кризата изнесува 31.506.

    Властите предупредуваат дека здравствениот систем во Ломбардија и Бергамо е пред колапс и нема веќе слободни места на интензивна нега. Сите 80 кревети резервирани за најтешките случаи на коронавирус во болницата во Бергамо се зафатени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира