ВО ИТАЛИЈА РЕКОРДНИ 168 ПОЧИНАТИ ВО ЕДЕН ДЕН, РИМ ЈА ЗАТВОРИ И ФОНТАНАТА ТРЕВИ

    ВО ИТАЛИЈА РЕКОРДНИ 168 ПОЧИНАТИ ВО ЕДЕН ДЕН, РИМ ЈА ЗАТВОРИ И ФОНТАНАТА ТРЕВИФонтаната Треви вообичаено е преполна со туристи (Фото: Анса)

    Италија пријави уште 168 починати и 977 новозаразени со коронавирусот, истиот ден кога целата земја беше ставена во карантин. Тоа се рекордни бројки за еден ден во земјата, каде што сега има вкупно 631 починат и 10.149 заболени.

    Истовремено е надмината бројката од 1.000 починати надвор од Кина.

    Во Италија од денеска се затворени сите училишта, кина, театри, археолошки локалитети, теретани, базени и трговски центри и забранети се погреби и венчавки, но властите велат дека е апсолутно дозволено да се излезе до продавница или аптека.

    „Во секое време можете да излезете од дома за да купите храна, не мора да се купува сѐ одеднаш. Дозволени се физички активности сѐ додека не се прават во група“, изјави специјалниот комесар Анџело Борели.

    За да се спречат масовни собири на луѓе, Рим го забрани пристапот и до прославената фонтана Треви.

    Берлин исто така ги затвори сите театри, концерти сали и оперски куќи најмалку до 19 април и забрани собири со повеќе од 1.000 луѓе.

    Во Шпанија сега има 1.622 заразени, по што беше донесена одлука сите фудбалски мечеви да се играат пред празни трибини.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира