Во Италија повторно има драматичен пораст на бројот на починати од КОВИД-19 откако во изминатите два дена беше забележано постепено подобрување на ситуацијата.
Во последните 24 часа починале 743 луѓе, дури 141 повеќе во однос на вчера. Со тоа вкупната бројка мртви порасна на 6.820. Црниот рекорд беше остварен во саботата, кога имаше 793 мртви.
Потврдени се и 5.249 нови случаи на коронавирус, со што бројката на вкупно заразени досега се ближи кон 70.000.
Специјалниот комесар Анџело Борели извести дека досега се излекувани 8.326 луѓе, од кои 894 се нови.