ВО ИЗРАЕЛСКА ОПЕРАЦИЈА УБИЕН ЛИДЕРОТ НА БРИГАДИТЕ АЛ АКСА ЗА ЗАПАДЕН БРЕГ

    ВО ИЗРАЕЛСКА ОПЕРАЦИЈА УБИЕН ЛИДЕРОТ НА БРИГАДИТЕ АЛ АКСА ЗА ЗАПАДЕН БРЕГИбрахим ал-Набулси избегнал атентат во февруари, кога загинале тројца негови соработници

    Локалниот шеф на палестинската милитантна група Бригадите Ал Акса, Ибрахим ал-Набулси, е убиен во израелска операција на окупираниот Западен Брег. Ал-Набулси е убиен заедно со двајца соборци при упадот во куќа во градот Наблус.

    Во акцијата се повредени најмалку 40 луѓе, кажаа локалните здравствени власти.

    Бригадите Ал Акса е мрежа на милиции поврзана со Фатах, палестинското движење кое го контролира Западниот Брег.

    Израел го обвини Ал-Набулси за водење ќелија која извела низа напади врз Израелците на Западниот Брег. Локалните медиуми објавија дека тој избегнал атентат во февруари, кога загинале тројца негови соработници.

    Израелските сили извршија неколку рации на Западен Брег во изминатиот период, главно заради апсење на милитанти на Палестински исламски џихад (ПИЈ). Апсењето на локалниот лидер на ПИЈ, Басем Сади, доведе до протести, кои ескалираа во тридневни насилства во Газа, во кои загинаа најмалку 44 Палестинци.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира