ВО КАНАДА СЕ ПАЛАТ КАТОЛИЧКИ ЦРКВИ ПО ОТКРИВАЊЕТО НА 1.000 СТАРИ ГРОБОВИ НА ДОМОРОДНИ ДЕЦА

    ВО КАНАДА СЕ ПАЛАТ КАТОЛИЧКИ ЦРКВИ ПО ОТКРИВАЊЕТО НА 1.000 СТАРИ ГРОБОВИ НА ДОМОРОДНИ ДЕЦАПолицијата вели дека пожарите ги третира како сомнителни, но засега нема осомничени

    Уште две католички цркви се запалени вчера во индијански резервати во западна Канада. Пожарите во Британска Колумбија почнале со еден час растојание, двете згради се целосно уништени и полицијата ги третира овие случаи како сомнителни.

    Во понеделникот беа запалени првите две католички цркви во оваа канадска провинција, кога во земјата се одбележуваше Националниот ден на домородните народи.

    „Истрагата за сите овие пожари е во тек и засега нема уапсени, ниту покренати обвиненија“, изјави наредникот на Канадската кралска полиција, Џејсон Бејда.

    Ова следува откако беа откриени стотици необележани гробови на местата на некогашни училишта во Канада. Овие училишта финансирани од владата биле водени од верски групи во 19. и 20. век и имале за цел да ја асимилираат домородната младина. Домородните групи повикаа да се спроведе национална потрага по нови гробови.

    Прво во мај беа откриени останките на 215 деца на местото на училиште што работело од 1890 до 1978 година, а минатата недела беше објавено дека се пронајдени уште 751 необележан гроб во поранешно училиште во Саскачеван.

    Меѓу 1863 и 1998 година, повеќе од 150.000 домородни деца биле земени од нивните семејства и сместувани во вакви училишта низ Канада. Комисија основана во 2008 година утврдила дека голем број од овие деца никогаш не се вратиле во своите заедници.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира