Увезените случаи на коронавирус во Кина ја надминуваат бројката на внатрешно пренесени случаи веќе петти ден по ред, откако заразени патници поминале низ аеродромите во Пекинг, Шангај, Гвангџу и Шенџен.
Кина потврди 13 нови случаи на КОВИД-13, осум помалку во однос на претходниот ден, но од нив, дури 12 се заразени патници кои дошле од странство.
Во внатрешноста на Кина е забележан само еден случај на локално пренесување, и тоа во Вухан, од каде што коронавирусот и се прошири низ светот.
Кинеските власти објавија дека во земјата досега се регистрирани 80.894 случаи на коронавирус и 3.237 починати, додека бројката заразени на светско ниво се ближи кон 200.000. Денеска ќе биде надмината и бројката од 8.000 починати.