ВО КИНА САМО ОСУМ НОВИ СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУС

    ВО КИНА САМО ОСУМ НОВИ СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУСКина објави дека во земјата поминал врвот на ширењето на заразата (Фото: Ројтерс)

    Кинескиот град Вухан, кој важи за епицентар на заразата, пријави само пет нови случаи на коронавирус во последните 24 часа, со што бројката е помала од десет втор ден по ред. Во остатокот од државата нема нови внатрешни случаи, додека во Шангај има двајца новозаразени и во Пекинг еден, но лица кои дошле од странство.

    Според Националната здравствена комисија на Кина, петте нови случаи во Вухан се за три помалку во однос на претходниот ден. Остатокот од провинцијата Хубеи нема пријавено нов случај на зараза осми ден по ред.

    Кинеските власти вчера и официјално објавија дека во земјата поминал врвот на ширењето на КОВИД-19. Од појавата на коронавирусот, во Кина се заразиле 80.813 луѓе, а починале повеќе од 3.000

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира