ВО МОСКВА НОВИ 130 ЛАЖНИ ПОВИЦИ ЗА БОМБА, ЕВАКУИРАНИ НАД 100.000 ЛУЃЕ

    ВО МОСКВА НОВИ 130 ЛАЖНИ ПОВИЦИ ЗА БОМБА, ЕВАКУИРАНИ НАД 100.000 ЛУЃЕЕвакуирани се шопинг центри, училишта, железнички станици и деловни згради. Повиците за бомба продолжиле и вечерва, по што е евакуирана спортската арена „Лужники“, Градското собрание и аналитичкиот центар на Владата (Фото:АП)

    Над 100.000 луѓе се евакуирани денеска од повеќе локации во Москва, поради 130 лажни повици за бомба. Евакуирани се шопинг центри, училишта, железнички станици и деловни згради. Повиците за бомба продолжиле и вечерва, по што е евакуирана спортската арена „Лужники“, Градското собрание и аналитичкиот центар на Владата.

    Голем број повици за лажни бомби имаше и пред дваесетина дена, кога исто така беа евакуирани над 100.000 луѓе од десетици локации.

    Како што соопшти државната новинска агенција „Тас“, цел на бомбашките напади, биле сите четири аеродроми во Москва, 15 трговски центри, неколку хотели, повеќе од 20 училишта и многу други места. На ниту едно од местата не биле најдени експлозивни направи.

    Летовите од аеродромите во Москва не се откажани. На аеродромите се вршат проверки без да се евакуираат патниците.

    Александар Бортников, директор на Федералната безбедносна служба во четвртокот изјави дека 4 лица се осомничени за лажните повици во септември. Тој рече дека осомничените се Руси кои живеат во странство, но имаат соработници во Русија. Повиците за лажни бомби ги правеле преку интернет, поради што е тешко да се идентификуваат.

     

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари