ВО ЊУЈОРК ЌЕ СЕ БАРА ПОТВРДА ЗА ВАКЦИНИРАЊЕ ЗА ВЛЕЗ ВО РЕСТОРАНИ, ТЕРЕТАНИ И САЛИ

    ВО ЊУЈОРК ЌЕ СЕ БАРА ПОТВРДА ЗА ВАКЦИНИРАЊЕ ЗА ВЛЕЗ ВО РЕСТОРАНИ, ТЕРЕТАНИ И САЛИНовата мерка ќе стане задолжителна од 13 септември (Фото: Гети)

    Њујорк ќе биде првиот голем град во САД во кој ќе се бара потврда за вакцинирање за влез во ресторани, концертни сали и теретани, објави градоначалникот Бил де Блазио. Новото барање е најагресивниот потег со кој градот се обидува да го скроти последното ширење на коронавирусот, предизвикано од делта сојот. Луѓето ќе мора да приложат доказ дека примиле барем една доза од вакцината.

    „Единствениот начин да влезете во тие затворени објекти ќе биде да сте вакцинирани. Целта е да ги убедиме сите што мора да направат и тоа веднаш. Ако сакаме да го запреме делта сојот, сега е време. А, тоа значи веднаш да се вакцинирате“, изјави Де Блазио.

    Новата мерка ќе стапи на сила на 16 август, но инспекциите нема да почнат до 13 септември. Де Блазио се фокусира на вакцинирањето, одбивајќи ги повиците да се воведе задолжително носење маска во затворено, како што направија повеќе градови и окрузи во Калифорнија.

    Според официјалните податоци, околу 66% возрасни њујорчани досега се целосно вакцинирани.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира