ВО ЊУЈОРК УБИЕН ДИРЕКТОРОТ НА НАЈГОЛЕМАТА ПРИВАТНА ОСИГУРИТЕЛНА КОМПАНИЈА ВО САД

    ВО ЊУЈОРК УБИЕН ДИРЕКТОРОТ НА НАЈГОЛЕМАТА ПРИВАТНА ОСИГУРИТЕЛНА КОМПАНИЈА ВО САДБрајан Томпсон е застрелан околу седум часот по локално време пред хотелот „Хилтон“ во Менхетн (Фото: АП)

    Шефот на американската компанија за здравствено осигурување „ЈунајтедХелткер“, Брајан Томпсон, е убиен на улица во Њујорк. Педесетгодишниот Томпсон е застрелан во градите околу седум часот по локално време пред хотелот „Хилтон“ во Менхетн, каде што требало да биде говорник на конференција.

    Томпсон бил превезен во болница, каде што бил прогласен за мртов, кажаа властите.

    Напаѓачот избегал од местото на пукањето и по него се трага. Тој го чекал надвор, а носел скијачка маска и крем јакна“, објави полицијата на Њујорк.

    Истражителите кажаа дека има видеоснимки од нападот, но мотивот засега не е познат, додавајќи дека од убиениот ништо не било одземено.

    Томпсон беше назначен за извршен директор на „ЈунајтедХелткер“ во 2021 и имал годишна плата од 10,2 милиони долари. „ЈунајтедХелткер“ е најголемата приватна осигурителна компанија во САД и најголема за здравствено осигурување во светот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира