Жителите и туристите од утре ќе мора да носат маска на отворено во Париз, додека Франција се бори со брзото ширење на сојот омикрон. Локалните власти кажаа дека мерката се однесува на сите со 12 и повеќе години, а ситуации кои ќе бидат исклучок се возење велосипед и вежбање.
Оние што ќе бидат фатени без маска ќе платат казна од 135 евра.
Носењето маска веќе е задолжително во продавници, јавни објекти, деловни згради и јавен превоз.
Француската влада оваа недела усвои нови коронамерки со цел да се скроти ширењето на вирусот. Вчера беа регистрирани 208.000 нови случаи на зараза, што е дневен рекорд од почетокот на пандемијата.