ВО ПЕНТАГОН СЕ СПРЕМА ГОЛЕМА ЧИСТКА НА ГЕНЕРАЛИ ПО ВРАЌАЊЕТО НА ТРАМП ВО БЕЛАТА КУЌА

    ВО ПЕНТАГОН СЕ СПРЕМА ГОЛЕМА ЧИСТКА НА ГЕНЕРАЛИ ПО ВРАЌАЊЕТО НА ТРАМП ВО БЕЛАТА КУЌАНовиот министер за одбрана Хегсет најави дека ќе ја ослободи американската војска од генералите кои беа обвинувани дека водат прогресивна и левичарска политика (Фото: АП)

    Транзицискиот тим на Доналд Трамп подготвува листа на воени офицери кои ќе бидат отпуштени по неговото враќање во Белата куќа, што би можело да ги вклучи и шефовите на генералштабот, изјавија два добро упатени извора за „Ројтерс“.

    Нејасно е дали самиот Трамп го одобрил планот, но тој во минатото се пресметуваше со водачите на војската кои го критикуваа. Тој за време на кампањата најавуваше отпуштања на „воук“ генерали и на оние кои се одговорни за хаотичното повлекување од Авганистан во 2021 година.

    Еден извор кажа дека новата администрација ќе се фокусира првенствено на офицерите поврзани со Марк Мили, поранешниот шеф на генералштабот на американската војска, кој, според книгата на новинарот Боб Вудворд, го нарекол Трамп фашист.

    Сите поединци кои беа унапредени и назначени од Мили ќе си заминат. Постои многу детална листа на оние кои се поврзани со него и сите тие ќе си заминат“, изјави еден извор.

    Генералштабот ги вклучува највисоко рангираните офицери во САД и се состои од шефовите на армијата, морнарицата, маринците, воздушните сили, националната гарда и на вселенските сили.

    За овој план се дозна само ден откако Трамп го избра Пит Хегсет за нов министер за одбрана. Водителот на „Фокс њуз“ и воен ветеран најави дека ќе спроведе чистка во Пентагон и дека ќе ја ослободи американската војска од генералите кои беа обвинувани дека водат прогресивна и левичарска политика. Останува нејасно дали тој ќе биде потврден од Сенатот поради недостиг на искуство за ваква функција.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира