ВО ПОРТУГАЛИЈА ИЗМЕРЕНИ 46 СТЕПЕНИ ЦЕЛЗИУСОВИ, ПОЖАРИТЕ ИЗГОРЕА ИЛЈАДНИЦИ ХЕКТАРИ ЗЕМЈА

    ВО ПОРТУГАЛИЈА ИЗМЕРЕНИ 46 СТЕПЕНИ ЦЕЛЗИУСОВИ, ПОЖАРИТЕ ИЗГОРЕА ИЛЈАДНИЦИ ХЕКТАРИ ЗЕМЈАДосега се уништени околу 6.700 хектари земја, додека вкупно 19 села, четири туристички сместувачки капацитети и простор за кампување се евакуирани. (Фото: ЕПА )

    Пожарникарите во Португалија се борат да ги стават под контрола шумските пожари што зафатија илјадници хектари поради високите температури. Повеќе од 1.400 лица мораа да се евакуираат, откако во саботата избувна пожар во близина на јужниот град Одемира. Повредени се најмалку деветмина пожарникари.

    Оваа недела се очекуваат температури над 40 Целзиусови степени на Пиринејскиот Полуостров.

    Три големи пожари што изгореа стотици хектари во Шпанија за време на викендот се ставени под контрола, но метеоролошките предупредувања остануваат на сила во поголемиот дел од земјата. Во Сантарем, Португалија, вчера беше измерена температура од 46,4 Целзиусови степени, највисока досега оваа година.

    Пожарот во близина на Одемира започна во саботата, а силните ветрови го проширија до Алгарве, главниот туристички регион во Португалија. Досега се уништени околу 6.700 хектари земја, додека вкупно 19 села, четири туристички сместувачки капацитети и простор за кампување се евакуирани.

    Градоначалникот Хелдер Гереиро, рече дека ситуацијата е „критична, тешка и сложена“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира