ВО ПУКАЊЕ ВО САРАЕВО УБИЕН ВОДАЧ НА ШВЕДСКА НАРКОМРЕЖА

    ВО ПУКАЊЕ ВО САРАЕВО УБИЕН ВОДАЧ НА ШВЕДСКА НАРКОМРЕЖАПукањето се случи пред супермаркет, кога двајца мажи на велосипеди истрелале рафал кон Харис Естердал (Фото: Радио Сараево)

    Шведски државјанин е убиен денеска во пукање кое се случи во сараевската општина Илиџа. Босанските медиуми објавија дека станува збор за 30-годишниот Харис Естердал, кој во минатото бил осудуван за разни кривични дела.

    Ларс Харис Естердал во 2017 бил осуден на четири години затвор за водење ланец на трговија со дрога, како и за давање мито и кршење на законот за оружје. За трговија со дрога бил осудуван и неговиот брат Денис.

    Шведските медиуми објавија дека Естердал бил водач на наркомрежата „Профит“.

    Пукањето се случи околу 16:30 часот пред супермаркет во населбата Булевар, кога двајца мажи на велосипеди истрелале рафал кон Естердал, кој бил погоден со десетина куршуми. Притоа е ранет и еден државјанин на БиХ, кој бил меѓу десетината луѓе кои во тој момент биле пред супермаркетот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира