ВО РУСИЈА СЕ УРНА ПАТНИЧКИ АВИОН СО 49 ЛУЃЕ

    ВО РУСИЈА СЕ УРНА ПАТНИЧКИ АВИОН СО 49 ЛУЃЕАвионот на авиокомпанијата „Ангара“ се изгубил од радарите додека се приближувал кон својата дестинација Тинда (Фото: Ангара)

    Запален труп од авион е забележан од воздух откако контролорите на летање изгубија контакт со патнички авион „Ан-24“ со околу 50 луѓе на далечниот исток на Русија, изјави регионалниот гувернер Васили Орлов.

    Локалното министерство за вонредни ситуации соопшти дека авионот на авиокомпанијата „Ангара“ со седиште во Сибир се изгубил од радарите додека се приближувал кон својата дестинација Тинда, град во регионот Амур, што се граничи со Кина. Времето во областа на исчезнувањето било лошо, објави руската новинска агенција „РИА новости“.

    Орлов кажа дека во авионот имало 43 патници, вклучувајќи пет деца и шест члена на екипажот. Се верува дека нема преживеани.

    Центарот за цивилна заштита на Амур објави дека остатоците од авионот биле пронајдени на рид 16 километри од Тинда. Снимките од местото покажуваат остатоци од авионот како горат во густа шумска област.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира