ВО САД ГОДИНАВА УБИЕНИ 461 ЛИЦЕ ВО МАСОВНИ ПУКАЊА

    ВО САД ГОДИНАВА УБИЕНИ 461 ЛИЦЕ ВО МАСОВНИ ПУКАЊАЛас Вегас е само продолжение на низата трагични настани кои редовно се случуваат во САД (Фото: Гети)

    Педесет и осум лица беа убиени, а над 500 се повредени, во последното масовно пукање во САД, што се случи на концерт во Лас Вегас и тоа е најсмртоносниот напад со огнено оружје во историјата на државата.

    Тој, исто така, е само продолжение на низата слични трагични настани, кои секоја година ја потресуваат земјата.

    Вклучувајќи го и Лас Вегас, од почетокот на оваа година, во САД се случиле 338 масовни пукања, во кои беа убиени 461 лице, додека 1.627 беа повредени.

    Како масовно пукање се дефинира секој напад, во кој што најмалку четири лица се застрелани.

    Минатата година, сметајќи до 2 октомври, во САД биле забележани 371 случај на масовно пукање, во кои смртно настрадаа 480 луѓе.

    Сите овие истражувања ги спроведуваат неофицијални организации, бидејќи Центарот за контрола на болести и превенција престана да го прави тоа во 1996 година под притисок на јавноста.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира