ВО САД НАД 2.000 МРТВИ ОД КОВИД-19 ВО ЕДЕН ДЕН, НАСКОРО ЌЕ ГО НАДМИНАТ ТРАГИЧНИОТ БИЛАНС НА ИТАЛИЈА

    ВО САД НАД 2.000 МРТВИ ОД КОВИД-19 ВО ЕДЕН ДЕН, НАСКОРО ЌЕ ГО НАДМИНАТ ТРАГИЧНИОТ БИЛАНС НА ИТАЛИЈАСАД ја надминаа бројката од половина милион заразени (Фото: АП)

    САД станаа прва држава на светот во која во еден ден починале повеќе од 2.000 луѓе од КОВИД-19.

    Според податоците на Универзитетот Џонс Хопкинс, во последните 24 часа починале 2.108 пациенти, додека бројката заразени надмина половина милион. САД наскоро ќе ја надминат Италија како земја со најмногу жртви на коронавирусот.

    Сепак, експертскиот тим за КОВИД-19 на Белата куќа вели дека заразата почнува да се израмнува низ целата земја.

    „Има позитивни знаци дека заразата се стабилизира, но колку и да изгледа охрабрувачки, сѐ уште не сме го достигнале врвот“, изјави д-р Дебора Биркс.

    Доналд Трамп кажа дека во САД би можело да има и помалку од првично очекуваните 100.000 мртви. Во САД досега има 18.693 починати, само 150 помалку од Италија. Истражувачите сметаат дека земјата ќе го достигне врвот на епидемијата в петок, по што предвидуваат околу 970 мртви на ден до 1 мај.

    Истовремено, Бразил стана прва држава во јужната хемисфера со повеќе од 1.000 починати од КОВИД-19.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира