САД ја надминаа бројката од 10.000 починати од КОВИД-19, додека Франција го имаше најлошиот ден од почетокот на кризата.
Според Универзитетот Џонс Хопкинс, во САД досега има 10.490 починати и само уште Италија и Шпанија ја имаат надминато оваа граница. Ова следува откако Доналд Трамп и здравствените власти најавија дека земјата влегува во својата најтешка недела од пандемијата.
Во Франција во последните 24 часа починале 833 луѓе, најмногу во еден ден досега. Вкупната бројка починати изнесува 8.911, со 98.010 заразени.