САД ја поминаа бројката од 50.000 смртни случаи од КОВИД-19, според податоците на универзитетот Џонс Хопкинс, со што тие се најпогодената земја на светот во пандемијата. Во последните 24 часа починале над 3.000 луѓе, додека бројката заразени се искачи на повеќе од 890.000.
Сепак, како што нагласи Белата куќа, САД и натаму имаат помала стапка на смртност од некои европски земји, додавајќи дека неодамнешниот пораст се должи на додавањето на некои „веројатни“ смртни случаи од коронавирусот.
„САД ја имаат една од најниските стапки на смртност на светот“, кажа д-р Дебора Брикс, која е дел од специјалниот тим на Белата куќа за борба против КОВИД-19.
Гледано по глава на жител, САД имаат пониска стапка на смртност од Шпанија, Италија, Франција, Белгија и Велика Британија.
Најтешко погодена сојузна држава е Њујорк, со повеќе од 16.000 починати.