ВО ШПАНИЈА РЕКОРДНИ 462 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 ВО ПОСЛЕДНИТЕ 24 ЧАСА

    ВО ШПАНИЈА РЕКОРДНИ 462 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 ВО ПОСЛЕДНИТЕ 24 ЧАСАУлиците на Барселона се празни овие денови (Фото: АФП)

    Шпанија го имаше најсмртоносниот ден од појавата на коронавирусот откако во последните 24 часа починале 462 луѓе. Бројката починати во земјата секој ден е сѐ поголема, откако вчера имаше 394 мртви.

    Шпанија ја надмина бројката од 2.000 починати и таа сега изнесува 2.182.

    Во Шпанија има 33.089 заразени, 4.517 повеќе во однос на вчера, објави Министерството за здравство.

    И Германија бележи значителен пораст на бројот на заразени, откако се потврдени нови 1.286 случаи и сега вкупно ги има 26.159. Во земјата досега има 106 починати од КОВИД-19.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира